Пријавени осум нови случаи на жолтица во Скопје за еден ден

11.09.2014 14:37

Во Скопје се регистрирани вкупно 132 заразени...

За еден ден се пријавени осум нови случаи на жолтица. Во скопскиот Центар за јавно здравје се регистрирани средношколец, студент, двајца ученици од Шуто Оризари и дете кое оди во градинка во истата општина.

Двајца заболени жолтицата ја добиле преку контакт со нивни близок кој веќе бил заболен. Ваков случај е регистриран во општините Илинден и Бутел. 

Прв случај на жолтица е регистриран и во скопската општина Сопиште.

Од почетокот на епидемијата во Скопје се регистрирани вкупно 132 заразени.