Град Скопје
Град Скопје го расчистува просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк
10.02.2026 19:41
Град Скопје започна со уредување на просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски...

Град Скопје започна со уредување на просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Старите, бесправно изградени дискотеки се отстрануваат за да се создаде безбеден и модерен забавен центар за сите посетители.
„Како што ветив – најдоброто за Скопје!“, напиша Ѓорѓиевски на својата Фејсбук страница.
Акцијата, истакна Ѓорѓиевски, е дел од проектите за уредување и подобрување на јавните простори во главниот град.
