Македонија
Силен земјотрес во Косово, почуствуван и во Скопје
10.02.2026 22:39
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар епицентарот бил на 23 километри југоисточно од Призрен, Косово, 12 километри северно од Тетово, a 47 километри од Скопје, во близина на Призрен во Косово...

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала вечерва во 22:05 часот го погоди Косово, во близина на границата со Македонија, информира Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот на осум километри од градот Призрен на Косово и на 15 километри северо-западно од Општина Теарце. Потресот го почувствуваа жителите на Тетово и на Скопје.
Земјотресот е почувствуван во Македонија, Косово и Албанија и Србија.
Засега нема информација за предизвикана материјална штета.
