Временска прогноза
Променливо облачно, попладне повремени врнежи од дожд
11.02.2026 08:25
Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови од снег...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец
