ДЗСИ

Опасност од штетна козметика на пазарот

11.02.2026 09:13

Козметика штетна за ЕУ може да заврши во Македонија како безбедна, покажа ревизијата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Козметика штетна за ЕУ може да заврши во Македонија како безбедна, покажа ревизијата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Листата не е ажурирана од 2010 година. Па така, на неа има 1.600 забранети супстанци, а на европската 150 повеќе.

„Поради ова, постои ризик да се стават во промет производи кои содржат супстанци за кои на територијата на ЕУ е утврдено дека се штетни по здравјето, а истите да не се забранети на територијата на нашата држава“, предупреди ревизорот, кој укажа и дека нема ниту соодветни лаборатории за проверка на козметиката, но и на детските играчки.

Од ДЗСИ велат дека се постапува по забелешките.