АМСМ

Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози

11.02.2026 08:38

Се бележат слаби врнежи од снег на Попова Шапка коишто не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 м. Стража до 80 м. и Крушево до 30 м...

На патниот правец Куманово – Скопје кај клучка Хиподром воведена е девијација поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ. Сообраќајот на патниот правец Скопје – Македонски Брод преку Ј. П Јасен ќе биде во целосен прекин во следниве термини:

Македонски Брод – Скопје од 10:30ч до 11 ч. ;

Скопје – Македонски Брод од 12:00ч до 12:45ч.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Се бележат слаби врнежи од снег на Попова Шапка коишто не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 м. Стража до 80 м. и Крушево до 30 м.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.