Случај „Онкологија“

Денеска ново рочиште за случајот „Онкологија“

11.02.2026 08:42

Случајот доби нова димензија по мислењата за несоодветно давање терапии, без јасна индикација, во неправилни дози и интервали...

Во Кривичниот суд – ново рочиште за случајот „Онкологија“ со извештаи на вештите лица од Словенија. Случајот доби нова димензија по мислењата за несоодветно давање терапии, без јасна индикација, во неправилни дози и интервали.

На вчерашното, посочено вештачењето на кое се утврдило дека пациентка, иако имала за 24 пати зголемени вредности на црниот дроб, и аплицирале хемотерапија со што и го загрозиле здравјето.