свет

Канада: Жртви и повредени во пукање во средно училиште

11.02.2026 09:38

Освен во училиштето, полицијата пронашла жртви и на друга локација во куќа за која се верува дека е поврзана со нападот...

Деветмина убиени и 25 повредени во масовно пукање во средно училиште во канадската покраина Британска Колумбија. Освен во училиштето, полицијата пронашла жртви и на друга локација во куќа за која се верува дека е поврзана со нападот. По крвавиот инцидент, напаѓачот се самоубил. Мотивот засега останува непознат.

„Вкупно десет лица се мртви на две различни локации. Осуммина се убиени во училиштето, вклучувајќи го и осомничениот стрелец, за кој се верува дека починал од самонанесена прострелна рана. Околу 25 лица со разни повреди се хоспитализирани“, изјави Дејвид Еби, премиер на Британска Колумбија.

Ова е најсмртоносниот училишен напад во Канада во последните децении.