Албанија

Насилни протести на опозицијата во Тирана

11.02.2026 14:38

Повредени се најмалку четворица полицајци...

Протестот на албанската опозиција во Тирана прерасна во судири со полицијата откако демонстрантите фрлаа молотови коктели кон владината зграда на премиерот Рама, по што полицијата интервенираше со водени топови и солзавец. Повредени се најмалку четворица полицајци.

„Се собравме во нашето мирно востание, во најкритичниот момент за Албанија во последните 35 години“, изјави Сали Бериша, лидер на Демократската партија на Албанија.

„Ние сме единствената земја во Европа што краде преку законот. Целата државна администрација е под кривичен прогон и не се преземаат мерки за суспендирање или запирање на оваа влада“, изјави Анила Алијај, демонстрант.

Опозицијата, која бара оставки од Рама и заменик-министерката Балуку, најави продолжување на протестите.