Иран

Трамп: Договор со Техеран или воен одговор

11.02.2026 09:46

Во услови на зголемени тензии и отворена можност за воен одговор од САД, Трамп вели дека би било глупаво Техеран да не го стори тоа...

Вашингтон верува дека Иран сака да постигне договор за нуклеарната програма. Во услови на зголемени тензии и отворена можност за воен одговор од САД, Трамп вели дека би било глупаво Техеран да не го стори тоа. Предупреди на остар одговор доколку разговорите не успеат. Откри и дека размислува за испраќање на уште еден носач на авиони на Блискиот Исток.

Во моментов имаме огромна флотила која се упатува кон Иран. Ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека сакаат да постигнат договор. Би било глупаво ако не го сторат тоа. Минатиот пат ја отстранивме нивната нуклеарна енергија, овојпат ќе треба да видиме дали ќе отстраниме уште.

Во момент кога Техеран сигнализира подготвеност за ограничени отстапки, но одбива разговори за ракетната програма, израелскиот премиер Нетанјаху на разговори со Трамп во Белата куќа се обидува да влијае врз насоката на обновените контакти меѓу САД и Иран. Тел Авив настојува да ги ограничи балистичките ракети и регионалните активности на Техеран, додека ОН се надеваат на дипломатско решение. Подготовките за нова средба САД-Иран продолжуваат по првите индиректни разговори во Оман, кои Техеран ги оцени како добар старт, иако без поголем пробив.