Преку ИПА III инвестиции за превенција од шумски пожари во „Јасен“
Проектот се реализира во рамки на ИПА III – Програмата за прекугранична соработка со Грција, а за македонските партнери се обезбедени 458.370 евра, од кои 91.674 евра се национално кофинансирање од Министерството за локална самоуправа.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, заедно со вицепремиерот Љупчо Димовски и директорот на ЈПУЗПП „Јасен“, Ангеле Сотировски, извршија увид во активностите на проектот WILD-A за превенција и управување со шумски пожари во прекуграничната област со Грција.
Проектот се реализира во рамки на ИПА III – Програмата за прекугранична соработка со Грција, а за македонските партнери се обезбедени 458.370 евра, од кои 91.674 евра се национално кофинансирање од Министерството за локална самоуправа.
Во „Јасен“ се набавува специјализирана противпожарна опрема и возила, меѓу кои возило со голем капацитет за вода, теренски возила со пумпи, багер и оптички систем за надзор, како и експертска поддршка и активности за подигање на јавната свест. Целта е зајакнување на превенцијата, раната детекција и заштитата на биодиверзитетот во услови на сè почести пожари поради климатските промени.
