Економска дипломатија

Муцунски од Париз: Поддршка за извозот на македонското вино

11.02.2026 15:37

Промоцијата беше организирана со поддршка на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како дел од активностите за економска дипломатија и зголемување на извозот.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во Париз се обрати на настан за промоција на македонските вина, во рамки на работната посета на Франција. На настанот присуствуваа и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, амбасадорот Игор Николов и претставници на домашни винарии.

Промоцијата беше организирана со поддршка на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како дел од активностите за економска дипломатија и зголемување на извозот.

Пред претставници на дипломатскиот кор и француската винска индустрија беше истакнат квалитетот и конкурентноста на македонските вина. Муцунски порача дека Министерството ќе продолжи со стратешка поддршка на домашните производители за отворање нови пазари и јакнење на нивната меѓународна позиција.