Студентските домови во долгови, се чека нов модел на финансирање и реконструкција
По ладните и темните простории во студентскиот дом во Охрид, директорите на три скопски бараат начин како да излезат до кризната ситуација, за да не останат без струја...

Студентските домови „Гоце Делчев“, „Пелагонија“, „Томе Стефановски – Сениќ“ од Скопје и „Никола Карев“ од Охрид водат битка со наталожени долгови и заостанати неплатени сметки. Се чека владина помош, а имаме проблем со партиципацијата која со години не е променета, пари не ни стигнуваат. Потребен е поинаков начин на финансирање, вели директорот на студентскиот дом „Гоце Делчев“.
Во наредниот период ќе има целосна реконструкција на студентските домови „Пелагонија“ и „Сениќ“. Директорите по средби со министерката, очекуваат дека ќе се надминат сите проблеми со финансиите.
По дводневниот прекин на електрична енергија што ги остави студентите во темница во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид, министерката за образование Јаневска, рече дека ќе треба да се направат измени во начинот на финансирање на домовите. Според неа, долговите кои ги генерираат студентските домови, се резултат меѓу другото и на лошото менаџирање што датира одамна.
Се предвидува нов закон за студентски стандард, а надлежните очекуваат дека за две години студентските домови одлични услови за сите студенти во земјава.
Ана Јосифоска
