Спасов: Бесплатни обуки за компјутери и англиски јазик за децата без родители и родителска грижа

11.09.2014 15:22

Компјутери и изучување англиски за децата без родители и за децата во згрижувачките семејства. Проектот на Mинистерството за социјални работи почнува денеска.

Компјутери и изучување англиски за децата без родители и за децата во згрижувачките семејства. Проектот на Mинистерството за социјални работи почнува денеска.

„Продолжуваме со реализација на проекти кои што се насочени кон поголема помош и поддршка на децата без родители и родителска грижа и лицата кои што до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа. Имено, денес започнува новиот проект на Министерството за труд и социјална политика за Бесплатни обуки за компјутери и англиски јазик за оние категории на деца и на лица кои до 18 години имале статус на деца без родители и родителска грижа“ рече министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Министерство обезбедува вкупно 400 обуки за англиски јазик и 400 обуки за Microsoft Office , Word I Excel и Microsoft Windows оперативен систем. Обуките  ќе траат 2 месеци, вкупно 32 часа по 45 минути, кои ќе можат да се реализираат  во сите градови низ Република Македонија.

Спасов нагласи дека посебен приоритет ќе имаат децата кои се згрижени во згрижувачки семејства, децата кои што се згрижени во установите во Република Македонија кои што се за овие деца, исто така и за оние млади кои се до 29 години и се сеуште невработени.