Култура

Премиера на „Драми на принцезите – Џеки“ во Драмски театар

12.02.2026 10:54

Претставата е во режија на словенечката режисерка Жива Бизовичар, работена по текст на нобеловката Елфриде Јелинек, во превод од германски на Катерина Шекутковска. Улогата ја толкува Трајанка Илиева-Вељиќ.

Драмски театар утре во 20 часот на Малата сцена ќе ја изведе премиерата на монодрамата „Драми на принцезите – Џеки“, во рамки на одбележувањето на 80-годишнината од основањето на театарот.

Претставата е во режија на словенечката режисерка Жива Бизовичар, работена по текст на нобеловката Елфриде Јелинек, во превод од германски на Катерина Шекутковска. Улогата ја толкува Трајанка Илиева-Вељиќ.

Во авторскиот тим се драматургот Ник Жнидаршиќ, сценографот и композитор Јан Крмељ, костимографот Александар Ношпал и фотографот Филип Кондовски.

Монодрамата ја преиспитува фигурата на Џеки Кенеди како симбол на жена претворена во медиумска икона, чија лична траума станува јавен спектакл. Претпремиерата е закажана за четврток, а билетите се достапни на билетарницата и онлајн.