Ревизија

Поголем надзор кај Собранието, одговорност кај институциите

11.02.2026 16:39

Во Собранието дебата за зголемена соработка меѓу законодавната власт и Државниот завод за ревизија, за поголем надзор кај Собранието, одговорност кај институциите, а транспарентност кај јавноста.

Зајакнување на парламентарниот надзор за поголема транспарентност и отчетност при трошењето на народните пари е целта на меморандумот кој го потпишаа шефот на мисијата на ОБСЕ во земјава Килиан Вал и Претседателот на Државниот завод за ревизија, Максим Ацевски.

Новиот закон за ревизија се очекува да овозможи поголема независност во работата на ревизорите и ќе биде усогласен со европските регулативи. Ацевски истакна дека ревизорскиот надзор не ги детектира само слабостите, туку е инструмент за зајакнување на институционалната одговорност.

Меморандумот се очекува да придонесе за враќање на довербата кај граѓаните, бидејќи парламентот се доживува како партиска машинерија, а не тело за надзор при трошењето на јавните пари, истакна Гаши.

Пратениците сметаат дека треба да се анализираат сите поединечни ревизорски извештаи, не само годишниот.

Шефот на мисијата на ОБСЕ во земјава, Килиан Вал порача, не само да се детектираат слабостите, туку и да се надминат ревизорските наоди.

Александра Велинова