Здравство

Канабисот не лекува рак, помага само за ублажување на симптомите, велат лекарите

11.02.2026 16:05

Не е научно докажано дека употребата на канабисот за медицински цели помага во лекувањето, тврдат првите луѓе од клиниките за Онкологија, Хематологија, Пулмологија ...

Првите луѓе од клиниките за Онкологија, Хематологија, Пулмологија, едногласни – Не е научно докажано дека употребата на канабисот за медицински цели помага во лекувањето. Станува збор за пациенти кои се борат со малигните заболувања, и како што велат докторите, се фаќаат за сламка.

За да не се доведуваат пациентите во заблуда, докторите апелираат, маслото од канабис не е лек. Помага во ублажување на болките, чувството на непријатност, полесно надминување на тегобите од хемотерапијата.

Медицинската фела се согласила за легализација за употреба на маслото од канабис, но не и за негово одгледување.

Во аптеките во земјава може да се најде маслото од канабис, но за да се купи, потребно е согласност потпис од најмалку тројца специјалисти. Останува отворено прашањето, за што се користи производството на канабис наменето за медицински цели.

Марихуната која беше откриена според премиерот Мицкоски, е запленета поради одгледување на цвет кој не е соодветен за таа намена.

Владата на последната седница одлучи да почнат вонредните контроли во сите фирми кои имаат лиценци.

 

Марина Стојанова-Тонева