Вештакот од Словенија најде пропусти во лекувањето на сите 29 пациенти на Нино Васев
Недостиг од наоди, недоволно информации за менување на терапија, а некои пациенти добиле и влошување на состојбата поради лековите кои им биле давани. Словенечките вештаци на обвинителството во случајот „Онкологија 1“, најдоа пропусти во лекувањето кај 29 пациенти. Во овој случај за несовесно лекување се товарат ексдиректорот Нино Васев и уште двајца доктори..

Вештакот Маја Равник, специјалист по интерна онкологија од Медицинскиот факултет од Марибор, Словенија го заврши вештачењето за 29-те пациенти на онкологот Нино Васев.
Во излагањето можеше да се слушне дека обвинетиот на пациентите им давал терапија без да ги имаат сите потребни анализи, на некои терапијата им ја менувал, но во досиејата нема информации зошто, други пак биле лекувани со терапија којашто не е за типот на канцер којшто го имал пациентот. Бранителите не се согласуваат со вештачењето.
Словенечкиот вештак во Македонија останува до петок, наредните два дена одбраната на обвинетите ќе има можност за прашања.
Во случајот „Онкологија 1“, освен докторот Нино Васев, за несовесно лекување се обвинети и докторите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски.
Наташа Јанчиќ – Менковски
