Кривичен Суд

Продолжува судењето за случајот „Онкологија“

12.02.2026 08:06

Словенечките експерти нашле пропусти во лекувањето кај 29 пациенти...

Во Кривичниот суд продолжува судењето за случајот „Онкологија 1“ со искази на вештаците од Словенија. Недостиг од наоди, недоволно информации за менување на терапијата, пациенти добиле и влошување на состојбата, поради лековите кои им биле давани.

Словенечките експерти нашле пропусти во лекувањето кај 29 пациенти. Во овој случај за несовесно лекување се товарат ексдиректорот Нино Васев и уште двајца доктори.