Одбрана

Министерот Мисајловски на состанок на министри за одбрана на Алијансата во Брисел

12.02.2026 08:46

Министерот Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на состанокот ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици...

Денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски, ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија.

Министерот Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на состанокот ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици.