Собрание
Конститутивна седница на Националното собрание на млади
12.02.2026 08:32
Во Собранието денеска ќе се одржи конститутивна седница на Националното собрание на млади, согласно член 11 од Законот за младинско учество и младински политики.

Во Собранието денеска ќе се одржи конститутивна седница на Националното собрание на млади, согласно член 11 од Законот за младинско учество и младински политики. Како што информираат од собраниската прес-служба, по отворањето на седница и усвојување на дневниот ред ќе следи дискусија и усвојување на деловник за начин на работа и одлучување на Националното собрание на млади.
Потоа, ќе се избере претседавач на Националното собрание на млади.
