Зеленски: Мировен договор со рок за влез во ЕУ
Инсистира мировниот договор да содржи конкретен рок за влез на Украина во Европската унија...

Киев повторно цел на масовен руски напад. Зеленски ги демантираше извештаите дека претседателските избори во Украина би можеле да се одржат на 24 февруари, нагласувајќи дека датумот зависи од безбедносната состојба. Вели дека завршувањето на војната зависи од притисокот на САД врз Русија, заедно со безбедносните гаранции. Инсистира мировниот договор да содржи конкретен рок за влез на Украина во Европската унија.
„Украина ќе направи сè за да биде технички подготвена за приклучување до 2027 година. Барем ќе ги завршиме главните работи. Но сакам конкретен датум. Уверен сум дека ако во договорот, според кој Америка, Русија – поточно Путин, јас како претседател на Украина – и Европа потпишуваат, нема датум, тогаш Русија ќе направи сè подоцна за да го блокира процесот“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
ЕУ разгледува различни опции за забрзано членство, но унгарскиот премиер Виктор Орбан го критикува планот како „отворена објава на војна против Унгарија“. На дипломатскиот фронт, Русија ја оцени соработката меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп како „одлична“ и фокусирана на конкретни договори, кои, според Москва, некои европски лидери и Зеленски се обидуваат да ги прекршат.
