Парламентот ја одобри владата на Курти
Курти најави борба против корупцијата и инвестиции во одбраната...

Новиот парламент на Косово ја одобри владата на Албин Курти, со што заврши повеќе од една година политички ќорсокак. Кабинетот доби 66 гласа „за“, а 49 пратеници гласаа против. Партијата „Самоопределување“ освои најмногу места и формираше мнозинство со партии на малцинствата. Курти најави борба против корупцијата и инвестиции во одбраната.
„Косово застана на страната на мирот, правдата и своите демократски сојузници. Во следните четири години, ќе ги зајакнеме сојузите, ќе инвестираме една милијарда евра во одбраната и ќе ја развиеме воената индустрија на Косово. Ќе соработуваме со секој што ќе подаде рака на соработка врз основа на меѓусебно почитување. Ќе се стремиме кон нормализација на односите со Србија преку конструктивен и креативен дијалог“, изјави Албин Курти, премиер на Косово.
Парламентот наскоро треба да го усвои буџетот и да избере нов претседател.
