САД: Имаме опции, но се стремиме за договор со Иран
Тој додаде дека Трамп им наложил на преговарачите да се стремат кон договор и дека преговорите ќе продолжат додека тој не одлучи поинаку...

„Претседателот кажа дека треба да се обидеме да склучиме договор што ќе гарантира дека Иранците нема да имаат нуклеарно оружје. Но, ако не можеме да го склучиме тој договор, тогаш има друга опција на маса. Сè додека претседателот не ни каже да престанеме, продолжуваме со овие разговори и ќе се обидеме да постигнеме добар исход преку преговори“, изјави Џ.Д. Венс, потпретседател на САД.
Изјавата доаѓа по средбата на Трамп со Нетанјаху кој се залага разговорите да вклучуваат и ограничувања на иранската програма за балистички ракети и поддршката на Техеран за екстремистички групи како што се Хамас и Хезболах.
