Стартува мисијата „Арктичка стража“
Акцијата ги координира постојните национални вежби без трајно распоредување трупи и е насочена кон спротивставување на руското и кинеското влијание...

Министрите за одбрана на НАТО се состануваат во Брисел, ден по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ и најавите на алијансата за старт на мисијата „Арктичка стража“ која има цел да ја зајакне безбедноста на Далечниот Север, по тензии во алијансата околу изјавите на Трамп за Гренланд. Акцијата ги координира постојните национални вежби без трајно распоредување трупи и е насочена кон спротивставување на руското и кинеското влијание.
„Со оглед на зголемената воена активност на Русија и растечкиот интерес на Кина за Далечниот Север, беше клучно да направиме повеќе. Затоа ја лансиравме „Арктичка стража“. Таа ја користи силата на алијансата со тоа што ги обединува активностите на НАТО и сојузниците на Далечниот Север во еден сеопфатен оперативен пристап кон регионот“, изјави Марк Руте, генерален секретар на НАТО.
Велика Британија ќе го удвои бројот на војници во Норвешка во следните три години, а ќе учествуваат и Франција и Германија.
