Ѓоковиќ го откажа настапот во Доха
Ѓоковиќ ја почна новата сезона со пласман во финалето на Австралија опен во кое загуби во четири сета од првиот светски тенисер Карлос Алкараз од Шпанија.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се откажа од настап на претстојниот турнир во Доха поради прекумерен замор, објавија организаторите.
Ѓоковиќ ја почна новата сезона со пласман во финалето на Австралија опен во кое загуби во четири сета од првиот светски тенисер Карлос Алкараз од Шпанија.
По настапот во Австралија, 38-годишниот Ѓоковиќ сè уште не е доволно подготвен да ја продолжи сезоната и може да се врати на теренот на првиот Мастерс во сезоната во Индијан Велс на почетокот на март.
Турнирот во Доха ќе почне на 16 февруари, а Алкараз е прв носител, додека Италијанецот Јаник Синер е втор носител.nova
