Струга

Водата за пиење во Струга загадена, директорот на ЈП „Водовод“ поднесе оставка

12.02.2026 15:01

Четири денови Струга загадена водата во Струга. Каллива и заматена во градскиот водовод – граѓаните револтирани, директорот на ЈП „Водовод“ си поднесе морална оставка. Полицијата и инспекторите од АХВ ги бараат причините за загадувањето.

Четири дена во Струга на сила забрана за користење на водата од водоводната мрежа, откако анализите покажаа дека е здравствено небезбедна.

Од Центар за јавно здравје информираа дека водата има 22% заматување и не смее да се користи за пиење, ниту за подготовка на храна.

Директорот на ЈП „Водовод“ поднесе морална оставка и побара од надлежните институции да се утврдат причините за загадувањето.

„Се работи за голема катастрофа, еколошка катастрофа по здравјето на граѓаните, сите школи, деца, градинки. Јас сум во фирмата 43 години не се памети вакво заматување на водата. Во истиот момент јас давам оставка“, вели Меџијаит Јусуфоски директор на ЈП „Водовод“ Струга.

Граѓаните велат принудени се да купуваат вода, што претставува дополнителен финансиски товар за домаќинствата.

„Има некаква загаденост на водата“, рече жител.

„Не е за пиење многу е валкана“, додаде друг.

„Купечка вода и вода од изворите од Дрслајца“, изјави жител.

„Не е добро да нема вода треба да има чиста вода во Струга“, додаде друг.

„Ние полниме изворска од извори под Мороишта и Дрслајца“, рече граѓанин.

„Купувам флаширана вода“, додаде друг.

На терен кај ШУМ – главниот извор за водоснабдување на градот – излегоа екипи на полицијата, и инспекциските служби од Агенција за храна и ветеринарство со цел да се утврдат точните причини за загадувањето.

Соња Рилковска