Крводарителска акција како почит за жртвите од 11-ти септември

11.09.2014 15:44

Шеста традиционална крводарителска акција, заедничка иницијатива на Американската амбасада во земјава и на македонскиот Црвен крст...

САД денеска одбележуваат 13 годишнина од терористичките  нападите во  2001  во Њујорк и Вашингтон, во кои загинаа речиси 3.000 лица.  И кај нас се оддава  почит на жртвите од 11-ти септември.  Шеста традиционална крводарителска акција, заедничка иницијатива на Американската амбасада во земјава и на македонскиот Црвен крст.

„Не треба да се дефинираме себе си како жртви од она што се случи пред 13 години, туку да се присетиме дека сме силни кога сме заедно, а ваквите настани ни ја покажуваат силата на заедништвото. По 11 септември луѓе од целиот свет ја понудија својата помош, не беше важно од каде се, туку тоа што не поврза човечкиот елемент на несреќата“, изјави американскиот амбасадор, Пол Волерс.

Генералниот сектерар на Црвениот крст, Саит Саити истакна дека денешниот настан обеднинува генерации, различности и промовира солидарност. Само доколку даруваме се стекнуваме со правото и ние да бидеме помогнати, рече Саити.