Возачот кој прегази жена во Капиштец во екстрадициски притвор
Саитов се бараше со меѓународна потерница за тешки кривични дела против безбедноста во сообраќајот и неукажување на помош на повредено лице.

Бегалецот Саит Саитов којшто минатиот месец ја усмрти 79-годишната Љуба Јаковлевска во скопски „Капиштец“ е уапсен во Белград.
На 9-ти јануари Саитов во скопски Капиштец по прегазувањето на жената со својот автомобил „Пасат“ избега од местото на настанот, а потоа со својот татко и од државата.
Саитов се бараше со меѓународна потерница за тешки кривични дела против безбедноста во сообраќајот и неукажување на помош на повредено лице.
Адвокатот на брачната двојка роднини на Саитов, обвинети дека му помогнале да избега пренесувајќи го до Врање, тврди дека неговите клиенти не знаеле дека сторил кривично дело.
Од Министерство за правда потврдија дека Саитов е во екстрадициски притвор и е почната постапка со српското Министерство за правда за негово екстрадирање во Македонија.
Ирина Гелевска
