ССМ

Работнички протест пред коморите за повисоки плати

12.02.2026 16:46

Сојузот на синдикати на Македонија продолжи со блокадите за повисоки плати. По пратениците, на ред бизнисмените. Ако не се зголемат платите, работниците се заканија и со генерален штрајк.

Платите се мизерни, ќе продолжиме со блокади, ако треба ќе седиме и со шатори, порача Сојузот на синдикатите на Македонија. Точно напладне, ССМ со 21 работник ги блокираше пристапите до Стопанската комора и Организацијата на работодавачи.

Трендафилов рече ако газдите не ја прифатат понудата за поголеми плати, ќе има генерален штрајк, а тоа ќе ги чини многу повеќе од нивните примања.

ССМ со повик до газдите да седнат на маса и да се договорат за платите. ССМ следната недела ќе организира блокади пред Владата.

За приодот кој следува, синдикалците најавија голем протест на којшто ќе присуствуваат работници од сите градови.

Борис Грујоски