Онколозите мора да се водат по европските протоколи, одбраната со спротивен став
Во Скопскиот кривичен суд – ново рочиште за случајот „Онкологија“. Одбраната на првообвинетиот Васев ги оспори и вештачењето и лиценцата на вештакот од Словенија, таа пак рече дека и македонските лекари требало да се придржуваат до европските протоколи...

Лекарите треба да ги почитуваат европските протоколи и оние произлезени од светската пракса, за да постои безбедност во лекувањето, вели Маја Равник, вештакот од Словенија која смета дека и македонските онколози требало да се придржуваат на овие начела при одредувањето терапија на болните од рак.
„Во државните протоколи може да има минимални разлики кои произлегуваат од националните пракси, но стручно, лекарите не смеат да ја заобиколат медицината базирана на докази. Затоа тврдам дека праксата не би смеела да отстапува од тие правила“, рече вештакот од Словенија.
Одбраната тврди – вештакот не го познава македонското законодавство.
Во судницата спротивставени ставови и за терапијата на тешко болните пациенти.
Ексдиректорот на Онкологија Никола Васев и уште двајца лекари се товарат за несовесно лекување пациенти.
Анита Димитријевска - Велковска
