Македонија

Контроли во фирмите за медицински канабис, под лупа 43 лиценци и спорниот правилник

12.02.2026 16:10

Почнаа вонредните контроли во фирмите за производство на медицински канабис. Под лупа ставени 43 лиценци, но и спорниот правилник. Се очекуваат и нови апсења, поврзани со случајот со запленетата марихуана.

Инспекторите почнаа да влегуваат во фирмите кои произведуваат канабис за медицински цели. На списокот се 43 правни субјекти со лиценца. Формирана е и нова меѓуресорска комисија што треба да провери што се случува на терен. Ја води човек од Министерството за здравство. Старата формирана пред девет години немала ниту еден извештај од нејзиното работење, за разлика од петчлената комисија во Министерството која постапувала во рамките на своите надлежности.

По големата акција за заплена на дрога, под постојан надзор се фирмите кои произведуваат медицински канабис. Според премиерот Мицкоски, најспорен е донесениот правилник, спротивен на законот што отворил простор за криминал.

Во акцијата досега се запленети 40 тони канабис, но бројката може да стигне и до 100 тони.

Наташа Јанчиќ-Менковски