Македонија

Бислимоски останува на функцијата сè додека не се донесе одлука за престанок

12.02.2026 18:09

По осумгодишно извршување на функцијата претседателот на РКЕ поднесе оставка и истата ја доставил до Собранието. Останува на функцијата сè додека не се донесе одлука за престанок велат од РКЕ. Оставката следува по поднесената кривична пријава од финансиската полиција за злоупотреба на службената должност и овластување...

По осумгодишно извршување на функцијата претседателот на РКЕ поднесе оставка и истата ја доставил до Собранието. Останува на функцијата сè додека не се донесе одлука за престанок велат од РКЕ. Оставката следува по поднесената кривична пријава од финансиската полиција за злоупотреба на службената должност и овластување.

Според Управата за финансиска полиција, Бислимовски го прекршил Законот за енергетика со ненавременото одземање на лиценцата на компанијата „Тритерол петрол“, иако не ги исполнувала условите за трговија со нафта и горива. Лиценцата требало ад биде одземена уште во јануари 2024-та година, но постапката била прекината со незаконско решение и одземена е дури во април 2025-та година што и овозможило на компанијата во тој период да оствари промет од над 3,15 милиони евра и противправна имотна корист од 229.000 евра.

Бислимовски ги негираше обвинувањата и е на ставот дека нема направено никакво прекршување на законската регулатива и Правилникот за лиценцирање при постапката за одземање на лиценцата на компанијата.

Ова е втор мандат за него откако во 2018-та за првпат беше назначен на чело на РКЕ, а реизбран во 2023-та.

Александра Велинова