БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
Еден загинат, четворица повредени откако трамвај излетал од шините во Сараево
12.02.2026 20:13
Кантоналното обвинителство соопшти дека увидот ќе продолжи и утре, а детали ќе бидат соопштени по темелна истрага за несреќата...

Едно лице загина, а четворица се повредени откако трамвај излета од шините и удри во стојалиште на една од централните раскрсници во Сараево. Од повредените, две лица се во потешка клиничка состојба.
Кантоналното обвинителство соопшти дека увидот ќе продолжи и утре, а детали ќе бидат соопштени по темелна истрага за несреќата.
Иако Сараево, неодамна, целосно обнови десетици трамвајски линии и купи сосема нови трамваи, многу од старите, некои стари и до 50 години, сè уште се користат. Овој вид на превоз, секојдневно го користат илјадници патници во главниот град на Босна и Херцеговина.
