Временска прогноза

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

13.02.2026 08:02

На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од 1 до 9 степени, додека дневните ќе достигнат од 6 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.