Дипломатија

Премиерот Мицкоски на 62. Минхенска безбедносна конференција

13.02.2026 08:09

Премиерот Мицкоски заедно со министрите за одбрана, надворешни и за внатрешни работи Мисајловски, Муцунски и Тошковски е во неколкудневна посета на Германија, каде што присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција. Во рамките на конференцијата, премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници, како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации...

Премиерот Мицкоски заедно со министрите за одбрана, надворешни и за внатрешни работи Мисајловски, Муцунски и Тошковски е во неколкудневна посета на Германија, каде што присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција. Во рамките на конференцијата, премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници, како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации.

Во фокусот на разговорите ќе бидат геополитичката стабилност на регионот, нагласувајќи ја улогата на Македонија како столб на стабилноста во Западен Балкан и активен придонесувач во НАТО Алијансата. Исто така премиерот Мицкоски на средбите и состаноците ќе ја реафирмира позицијата на државата за неопходноста од предвидлив и фер пат кон полноправно членство во ЕУ, без наметнати билатерални пречки.