САД- Иран

Трамп: Мора да склучиме договор со Иран

13.02.2026 10:16

Мора да склучиме договор со Иран, во спротивно ќе биде многу трауматично, истакна американскиот претседател Трамп, рече дека имал добар состанок со израелскиот премиер...

Мора да склучиме договор со Иран, во спротивно ќе биде многу трауматично, истакна американскиот претседател Трамп, рече дека имал добар состанок со израелскиот премиер и инсистирал дека преговорите со Иран треба да продолжат.

„Мора да склучиме договор. Инаку ќе биде многу трауматично. Не сакам тоа да се случи.Требаше да постигнат договор уште првиот пат, и наместо тоа го добија „Полноќен чекан“. Видете, ако не постигнат договор, тогаш ќе биде друга приказна. Но, вчера имавме многу добар состанок со Биби Нетанјаху и тој разбира. Но, на крајот зависи од мене. Ако договорот не е многу фер, тогаш мислам дека ќе биде многу тежок период за нив“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Нетанјаху, во меѓувреме, лобира кај администрацијата да изврши притисок врз Техеран да ја намали својата програма за балистички ракети и да ја прекине поддршката за милитантните групи како Хамас и Хезболах како дел од кој било договор.