ООН бара да запрат нападите врз цивили во Украина
Обединетите нации бараат да запрат нападите врз цивилното население во Украина...

Обединетите нации бараат да запрат нападите врз цивилното население во Украина. Организацијата нотира дека е оштетена енергетската инфраструктура.
„Од Украина, нашите колеги од Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања изјавија дека преку ноќ, уште еден голем напад низ целата земја ја оштетил енергетската инфраструктура. Во Киев и градовите Харков и Одеса, речиси пет илјади повеќекатни станбени згради повторно останале без греење. Во Одеса, нападите го прекинаа снабдувањето со вода за речиси 300 илјади жители“, изјави Стефан Дујарик, портпарол на ООН.
Сојузниците на Украина, вчера во Брисел ветија околу 35 милиони долари воена помош во 2026 година во рамки на иницијативата „Приоритетна листа на потреби на Украина“, програма на НАТО дизајнирана да обезбеди брза испорака на оружје во земјата.
