Кривичен Суд
Продолжува судењето за случајот „Онкологија“
13.02.2026 09:06
Одбраната на Васев ги оспори досегашните тврдења, но и лиценцата на вештакот од Словенија. ..

Во Кривичниот суд во Скопје и денеска продолжува сведочењето на вештакот од Словенија во случајот „Онкологија“. Одбраната на Васев ги оспори досегашните тврдења, но и лиценцата на вештакот од Словенија.
Лекарите треба да ги почитуваат европските протоколи и оние произлезени од светската пракса, за да постои безбедност во лекувањето, вели Маја Равник, вештакот од Словенија која смета дека и македонските онколози требало да се придржуваат на овие начела при одредувањето терапија на болните од рак.
