Грција
Земјоделците на масовен протест во Атина поради неисполнети барања
13.02.2026 09:56
Земјоделците во Грција попладнево излегуваат на голем протест во центарот на Атина. Тврдат дека владата и натаму во целост не ги исполнила нивните барања...

Земјоделците во Грција попладнево излегуваат на голем протест во центарот на Атина. Тврдат дека владата и натаму во целост не ги исполнила нивните барања. Околу 130 земјоделци од Крит тргнале кон Атина со траект уште синоќа, додека од континенталниот дел на Грција доаѓаат со автобуси.
Во декември и јануари грчките земјоделци ги блокираа патиштата и граничните премини поради високите трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи.
