ЗОИ 2026: Домаќинот Италија со најмногу медали
На денешниот седми ден, на натпреварот во крос кантри 10 километри за мажи ќе настапи и македонскиот олимпиец Ставре Јада.

По шестиот ден на Зимските Олимписки игри домаќинот Италија е државата со најмогу освоени медали вкупно 17 (6 златни; 3 сребра, 8 бронзи). Најмногу златни медали има освоено Норвешка – 7 или имаат вкупно 14 медали. Вкупно 14 медали имаат и натпреварувачите од САД. Досега се завршени 44 од 116 дисциплини.
На денешниот седми ден, на натпреварот во крос кантри 10 километри за мажи ќе настапи и македонскиот олимпиец Ставре Јада. На биатлонската патека од 10 километри ќе се натпреваруваат мажите, додека сноуборд натпревари за медали ќе има кај жените дисциплина крос и кај мажите халфпајп.
На патеката во брзо лизгање ќе се натпреваруваат мажите – 10.000 метри, а во машка конкуренција ќе биде доделен и комплетот медали во скелетон. Во вечерните часови ќе се одржи и слободната програма во уметничко лизгање во машка конкуренција.
На хокеарските турнири ќе се играат натпревари и кај мажите и кај жените.
