Економија

Мицкоски на работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group

13.02.2026 11:19

Како што објави на социјалните мрежи, во фокус на разговорите биле нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека денеска во Минхен остварил работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Lidl“ и „Kaufland“.

Како што објави на социјалните мрежи, во фокус на разговорите биле нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.

„Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири. Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава“, наглсува премиерот Мицкоски во објавата на „Фејсбук“.