„Вреди“ ќе прерасне во една партија
Почна процесот на формирање на партијата „Вреди“. Чаирскиот градоначалник и еден од лидерите Меџити, ја поздрави одлуката на Касами за распуштање на централното претседателство на БЕСА. Во следниот период тоа ќе го направат и останатите структури.

Почна процесот на формирање на партијата ВРЕДИ. Чаирскиот градоначалник и еден од лидерите Меџити ја поздрави одлуката на Касами за распуштање на Централното претседателство на БЕСА. Во следниот период тоа ќе го направат и останатите структури, почнувајќи од моето Демократско Движење – посочи Меџити и додаде дека со тоа ќе се исполни барањето на членство за еден цврст и стабилен политички субјект на Албанците. Кој ќе го предводи – не е одлучено-но на маса се повеќе идеи, вели Меџити, меѓу која и систем на ротација. Најавите на Касами за промена на министерските кадри, Меџити ги остава во рамките на партијата. Убеден е дека ќе се надминат овие прашања.
„Во однос на кадрите секој по својот учинок се анализира, и нормално при секоја реконструкција да има и промени и подобрување во таа насока. Во однос на лидер не сме фокусирани моментално на персонални решение. Сакаме прво да изгради платформа, идеолошки структури и ќе дојдеме до тоа. Има креативни идеи со ротација, има копретседателство“, изјави Меџити.
Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, изјави дека партијата ќе направи оценка на работата на сите свои функционери во извршната власт, прв на листата за замена е министерот за труд и социјална политика Лимани. Премиерот Христијан Мицкоски, пак со став дека е задоволен од неговата работа и дека нема информации за негова смена.
Марина Стојанова-Тонева
