Жртви и повредени во голем пожар во хостел во Будакеси, западно од Будимпешта
Најмалку три лица загинаа, а над 20 се повредени во голем пожар што избувна во раните утрински часови во хостел во Будакеси, западно од Будимпешта. Според локалните власти, причината за пожарот најверојатно е експлозија на плинска боца...

Ужасни сцени пристигнуваат од унгарскиот град Будакеши по пожарот кој во текот на ноќта го пеплоса хостелот „Спорт“. Откако го зафатил покривот на двокатната зграда се проширил низ објектот користен за сместување работници. Според локалните власти, причината за пожарот најверојатно е експлозија на плинска боца. При акцијата пожарникарските екипи спасиле бројни станари од зградата полна со чад, но за жал пронашле и починати меѓу урнатините.
„Пламените јазици ја зафатија двокатната зграда. Пожарникарите детално, по пристигнувањето, веднаш почнаа да ги гаснат пламените јазици со помош на неколку водни млазници со што спречија пожарот да се рашири“, изјави шефот на противпожарната служба на Будимпешта.
Шефот на полицијата во Будакеши потврди дела прелиминарните истраги, за време на сослушувањата покажале дека пожарот веројатно е предизвикан од експлозија во една од собите, како резултат на што, повредени се над 20 лица.
„16–мина се здобиле со полесни повреди, три со сериозни повреди, четворица моментално се во болница во критична состојба. Исто така, истакнав дека на местото на настанот можело да има неколку неправилности, веројатно според правилата имаше и дополнителен увид, ќе ги испитам и околностите на овие, што точно го предизвика пожарот“, шеф на полицијата во Будакеси, Будимпешта.
Додека властите за управување со катастрофи првично пријавија само повредени, градоначалничката Отилија Ѓери подоцна потврди дека во пожарот има и починати, додека повредените се префрлени во осумте болници во Будимпешта.
Фиљана Кока
