Субвенции

Исплатени се 481.127.667 денари кон 12.458 лозари

13.02.2026 14:15

Средствата се исплатени по Мерка 1.8 – Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади.

Во пресрет на празникот Св. Трифун, заштитникот на лозарите, реализирани се средства во износ од 481.127.667 денари кон 12.458 корисници, информираат од Министерството за земјоделство.

Средствата се исплатени по Мерка 1.8 – Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади.

Се потврдува посветеноста и приоритетите на институциите во развојот на оваа земјоделска гранка.

Министерството продолжува со реализација на мерки и политики насочени кон одржливост и унапредување на земјоделското производство.