Кривичен суд

Продолжува судењето за случајот „Онкологија“

13.02.2026 16:13

Судењето против ексдиректорот на Онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти, продолжува со сослушување вешти лица од Словенија. Одбраната очекува обвинението да падне, бидејќи како што велат, стручниот наод и мислење биле направени врз селективна и нецелосна документација.

Погрешно дозирање на лекови, издавање поголема количина апчиња, погрешно заведување на онколошки дијагнози. Ова го констатира вештакот од Словенија, одговарајќи на прашања на одбраната за лекувањето на болните.

На пациентка ѝ се дале 84 апчиња повеќе од потребното, а за друга е нејасно дали била болна од карцином на дојка или панкреас. Адвокатот Туфеѓџиќ го оспори вештачењето. Вели – не е земена предвид целокупната документација.

Докторката повтори дека во лекувањето не се почитувале европските протоколи и начелата на медицинската наука.

Анита Димитријевска – Велковска