Економија

Месечната инфлација намалена за 0,7% проценти

13.02.2026 16:55

Инфлацијата во јануари годинава, во однос на декември лани, намалена за 0,7%. Цените на мало се пониски за 2,7 насто, објави државната статистика. Трошоците на живот во однос на јануари 2025-та бележат зголемување од 3,2 насто, а индексот на цените на мало зголемување од 1,2 насто...

Месечната инфлација, намалена за 0,7%. Падот на инфлацијата во јануари 2026, во однос на декември 2025, е резултат на намалувањето кај транспортот за 9.3 отсто, информации и комуникации за 1.6 отсто, рекреација, спорт и култура за 1.5 отсто, облека и обувки за 1.2 отсто, нега, социјална заштита и други стоки и услуги за 0.5 отсто, објави Државната статистика.

Трошоците за живот за една година пораснале за 3,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во извештајот е наведено дека индексот на цените на мало е зголемен за 1,2%.

Цени на храна споредба јануари 2025 со јануари 2026: храна безалкохолни пијалаци 5,1 отсто, жита и производи од жита 2,1 отсто, месо 9,5 отсто, риба и морски плодови 1,9 отсто, млеко, млечни производи и јајца 6,7 отсто, масла и масти 3,8 отсто, овошје и јаткасто овошје 17,5 отсто, зеленчук 8,5 отсто, шеќер, слатки и десерти 11,4 отсто.

Граѓаните со поделени ставови.

Како последно, благо поскапеле и услугите во рестораните и хотелите за 0,7 проценти.

Борис Грујоски