Македонија

Николоски: Бугарија го ратификува договорот со Македонија за изградба на меѓуграничниот железнички тунел

13.02.2026 19:17

Според министер за транспорт Александар Николоски, ова ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но како што вели, покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и стратешките партнери...

„Бугарија го ратификуваше договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8″, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил.

„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8. Овој договор во декември беше ратификуван и во македонското Собрание. Со ова се исполнети сите услови за доизградба на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас“, напиша Николовски на Фејсбук.

Според него, ова ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но како што вели, покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и стратешките партнери.

„Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани“, додава Николовски.