Минхенската безбедносна конференција

Мицкоски: Македонија заслужува принципиелен европски пат

14.02.2026 09:21

Од вчера почна 62-рата Минхенска безбедносна конференција. Стотици носители на одлуки и лидери на јавното мислење од различни региони во светот дискутираат за предизвиците на безбедносната политика.

Од вчера почна 62-рата Минхенска безбедносна конференција. Стотици носители на одлуки и лидери на јавното мислење од различни региони во светот дискутираат за предизвиците на безбедносната политика. Стигнаа пораки дека светскиот поредок заснован на правила се урива, Европа мора да ја прифати новата реалност.

Канцеларот Мерц потврди дека е подготвен да го поддржи приемот на нови членки во Унијата.

Македонската делегација ја предводи премиерот Мицкоски. За нов пакет инвестиции разговори и со раководството на неколку компании. На средбата со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

Премиерот Мицкоски ја пренел пораката дека Македонија е посветена на европскиот пат, но заслужува достоинствен и принципиелен процес, базиран на вредности, а не на билатерални условувања.

Вршителката на должноста претседател на Бугарија Јотова пак, по средбата со Кошта изразува надеж дека до јуни, на следниот Самит на ЕУ за Западен Балкан, ќе се најде решение за прашањето со Северна Македонија, доколку, како што рече, земјата сè уште сака да се приклучи на Унијата.