МТВ репортажа

Струмичани ги спремаат маските за годинашниов карневал

14.02.2026 12:08

Престојаната недела Струмица ќе пулсира во карневалско руво. Голем број струмичани ги спремаат маските со кои ќе излезат по струмичките улици. Како ги прават маските и зошто излегуваат на карневалот, МТВ во обиколка на карневалските групи во Струмица.

Членовите на „Мулен Руж“ Струмица ги правеа последните подготовки на својата маска со која ќе учествуваат на струмичкиот карневал. Во мал простор се собираат секоја вечер и секој костим рачно го изработуваат работи. Ќе бидат кентаури.

На другата страна од градот Струмица, женскиот дел групата „Струма“ ги прави последните финеси за својата маска „Аманет“. Целта е да се продолжи учеството на карневалот бидејќи само така ќе останеш верен на традицијата.

Мажите пак од Струма се во работилница. Работат на возило долго 14 метри – Ќе го отсликува животот под маска. Стотици килограми железо, профили, сунгер се монтираат.

40 -тина групни и поединечни маски од земјава и странство ќе бидат дел од големото дефиле. Освен од земјава ќе има и од Србија, Бугарија, Хрватска и Црна Гора.

Ване Трајков